Не можете да го поднесете колегата до себе? Panasonic го има спасот за вас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако работите на работно место каде постојано сте опкружени со напорни колеги, не мора да размислувате да си заминете од работата, ако таа ве исполнува, само заради нив. Panasonic иновираше специјален уред кој ви го ограничува периферниот опсег на видното поле и ви овозможува да гледате како коњ – само право.

Овој 260 долари вреден „гаџет“ го стеснува вашето видно поле со помош на „темен ѕид“ од двете страни. Покрај него, добивате и слушалки кои ја стишуваат вревата и муабетите околу вас и ви овозможуваат да имате подобра концентрација. На тој начин, добивате „интимен психолошки простор“, како што го опишуваат овој производ неговите дизајнери.

Освен што ве изолира од околината, паметната направа, исто така, им дава до знаење на вашите колеги ако не сакате да ве вознемируваат. Ја ставате на глава и истата можете да ја прилагодувате така што ќе ги гледате само вашиот монитор од компјутерот и тастатурата пред вас.

Уредот е исклучително лесен, тежи само 300 грама, така што речиси нема да го чувствувате на вашата глава. „Нема да чувствувате притисок и носењето ќе ви биде доста пријатно“, тврдат од „Panasonic“. Во продажба ќе се најде најпрвин во Јапонија, следната година, а подоцна ќе биде достапен и ширум светот.