Живот

НЕ МОЖЕТЕ БЕЗ МОБИЛЕН НИ ВО ВЦ? Постои можност да сте зависни, еве кои се симптомите на номофобија!

Дали ве фаќа паника кога ќе останете без вашиот смартфон барем и за минута? Многумина ќе се пронајдат во овие прашања, а научниците сметаат дека работата е сериозна.

Анксиозноста по разделбата од паметниот телефон не се случува бидејќи не можете да се јавувате на телефон, туку бидејќи ви се всадила мислата дека мобилните се места каде ги сместувате дигиталните спомени, открива новата студија.

За многу луѓе кои постојано објавуваат на Фејсбук, Инстаграм или Твитер, мобилните се дел од животниот стил и тоа е причината зошто без нив може да се чувствуваат како без екстремитети. Оваа состојба се нарекува номофобија, која се влошува напоредно со технолошкиот напредок. Колку што вашите уреди се поперсонализирани, толку повеќе сте врзани за нив.

Симптомите на номофобија вклучуваат: неможност да се изгаси или да се остави телефонот на страна, опсесивно проверување во мобилниот, константно надополнување на батеријата и носење на уредот во бањата (каде воопшто не му е местото).

„Кога корисниците ги перцепираат паметните телефони како сопствена екстензија, многу е поголема веројатноста дека ќе се поврзат со нив, по што води до номофобија, односно страв од останување без мобилниот телефон“, велат истражувачите.

Тие ги проучувале студентите во Јужна Кореја и заклучија дека оние со повисоко ниво на номофобија почесто користат зборови како ’меморија’ и ’Јас’ што значи дека се понасочени кон себе од другите.

„Зависноста од паметни телефони веројатно ќе продолжи да расте бидејќи напредокот на технологијата и понатаму помага тие да станат се попривлечни и неопходни со додавање на разни згодни и моќни апликации кои овозможуваат сеприсутна комуникација“, се заклучува во истражувањето.

To Top