Не мочајте на Русија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Норвешко-Руската граница е поставена табла со известување наменето за туристи или безобразни луѓе на која пишува дека е забрането да уринираат во правец кон Русија, под закана од висока парична казна.

На натписот на англиски јазик, поставен на бреговите на реката што ги дели Норвешка и Русија, пишува „забрана за уринирање во правец кон Русија“ и се наоѓа веднаш до официјалниот знак со кој се вели дека местото е под видео надзор на норвешката погранична стража.

„Известувањето сигурно е објавено од добронамерни луѓе за да ги предупредат луѓето што минуваат да не се однесуваат несоодветно“, рече норвешкиот граничар Јенс-Арне Хаилунд, потврдувајќи ги информациите објавени на порталот „Barents Observer “.

Прекршокот ќе биде казнет со 290 евра.

Локацијата, популарна кај туристите, се наоѓа на бреговите на реката Јакобселва, од каде што лесно можете да се види Русија.

Норвешкиот закон предвидува дека е забрането „несоодветно однесување на границата кон соседната држава или нејзините власти“.

Barents Observer наведува дека норвешките граничари уапсиле четири лица кои фрлале камења во правец на Русија пред неколку години, а минатата зима една жена , снимена од камери била казнета со 8.000 норвешки круни бидејќи ја пружила левата рака преку границата.