Не е само Кепа: Пред 4 години и Меси одби да излезе од игра (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Потегот кој го направи голманот на Челзи, Кепа Аризабалага во финалето од Лига Купот предизвика лавина реакции и буквално е главна тема во фудбалска Европа.

Кепа налути голем дел од фудбалскиот свет со одибивањето на излезе од игра во второто продолжение иако Сари сакаше да го замени.

Иако после натпреварот менаџерот, а и самиот голман изјави дека станува збор за недоразбирање, јасно е дека Кепа со потегот покажа непочитување кон тренерот, тимот, па и клубот. Впечатокот е дека Сари и Кепа сакаат само да го прикријат проблемот со цел да не се создава дополнителен проблем во соблекувалната.

Сепак, ова што го направи Кепа не е преседан во светскиот фудбал. Слично пред четири години постави и Лионел Меси, легандата на Барселона, кој одби да излезе од игра на мечот протов Еибар.

Мечот се играше на 18 октомври 2014 година, една недела пред дербито со Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеѕ“ и Луис Енрике сакаше да го одмори. Барса веќе водеше со 3-0 и Енрике најави замена. а откако Аргентинецот одби да излезе, тој го извади Нејмар.

Секако дека тогаш ваквиот потег не крена толку „голема прашина“ бидејќи за разлика од Кепа, Меси е легенда на Барселона и човек со големо влијание како во соблекувалната, така и во целиот клуб.