Спорт

Навивачите во Загреб скокаа по крстот!

Македонските ракометари се наоаѓаат во Вараждин и се спремаат за мечот со Шпанија, а дел од навивачите како и Македонците кои живеат во Хрватска, денес го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.

Македонските ракометари се преселија во Вараждин, но Фалангата се уште е во Загреб, па традиционалното фрлање на крстот се случи пред православниот храм „Света Злата Мегленска“, крстот го фати Петар Симонов од Скопје.

Парохискиот свештеник даде благослов за нашите ракометари пред стартот на натпреварите во главната групна фаза во Вараждин.

Големите ракометни натпреварувања се одржуваат во јануари, а македонските навивачи веќе традиционално за Водици скокаат по крстот во земјата каде што ја бодрат репрезентацијата.

To Top