Home Вебкафе Навивачи во оперска сала – вака го направија тоа „Ултрашите“ од Дрезден (видео)

Навивачи во оперска сала – вака го направија тоа „Ултрашите“ од Дрезден (видео)

Деновиве кај нас уште е актуелна аферата и скандалот со прославата на навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на фудбалскиот клуб Шкупи, во новата зграда од Македонскиот Народен Театар.

Многумина прашуваат и инсистираат на одговори за тоа на кој начин навивачите ја добиле главната сала од зградата на театарската институција. А револтот и реакциите заради штетите предизвикани од страна на навивачите со нивното недолично однесува, како и изземањето од одговорност на речиси сите официјални и одговорни лица поврзани со оваа културна установа, не стивнуваат.

Е сега, навивачка група во културно-уметничка институција и установа не е ниту прв, ниту веројатно последен, кога ќе погледнеме во светски рамки. Пример за тоа е кореографијата на навивачката група „Ултрас“, навивачи на германски Динамо Дрезден, во дрезденската „Земперопер“.

На 18 декември 2017 година, „Земперопер“ во Дрезден ги отвори своите врати за црно-жолтата кореографија на навивачката група „Ултрас“. Наградуваниот фотограф и уметник Андреас Мих ги постави внесе членовите на „Ултрас Динамо Дрезден“ во аудиториумот од светски познатата оперска куќа. Фотографијата стана дел од годишната книга за оперската сезона 2018/19, која беше претставена на 22-ри февруари. А за сето тоа е снимено и кратко документарно филмче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…