Навивач загуби облог со Милан поради Чалханоглу – сега ќе му треба богатство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без никаков сомнеж Милан е клубот кој го одбележа досегашниот преоден рок во Европа. Иако трансфер пазарот официјално започна пред четири дена, „росонерите“ веќе претставија шест нови засилувања, а пред трансфер е и Андреа Конти од Аталанта.

Сепак, доаѓањето на „кралот на слободните удари“, Хакан Лалханоглу од Леверкузен предизвика најголема еуфорија на социјалните мрежи, каде навивачите на Милан воодушенено го прифатија турскиот репрезентативец.

Меѓутоа, имаше и такви кои на почетокот не веруваа во целата трансфер операција, па така еден навивач на 30-ти јуни му испрати порака на клубот од „Сан Сиро“ преку Твитер и му понуди облог.

„Ако вие го донесете Чалханоглу, јас ќе го купат целиот шоп во Каса Милан“, напиша напаѓачот и наврзо доби два одговора.

Првиот беше доаѓањето на Чалханоглу за 20 милиони евра, плус 5 милиони бонуси, а вториот преку Твитер.

„Чао, те очекуваме во Каса Милан, шопот работи секој ден од 10 до 19 часот“, му порачаа од Милан и со тоа потврдија дека во клубот и тоа како сериозно ги сваќаат навивачите, со што што овој навивач, овој пат помина навистина лошо бидејќи ќе му биде потребно цело богатство за да го „исплати“ облогот.