Home Актуелно Наумче Мојсоски избран за претседател на Комисијата за спорт на СДСМ, Николовски шеф на изборен штаб

Наумче Мојсоски избран за претседател на Комисијата за спорт на СДСМ, Николовски шеф на изборен штаб

Централниот одбор на владејачката партија СДСМ, на синоќешната седница, го избра бившиот македонски ракометар Наумче Мојсоски за претседател на новата партиска Комисија за спорт.

Oд неодамна пак репрезентативниот колега на Мојсоски, голманот Борко Ристовски стана дел од ВМРО-ДПМНЕ, односно претседател на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот одбор на СДСМ, на синоќешната седница, на предлог на претседателот Зоран Заев едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Централниот одбор ја задолжи заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април.

Притоа е оценето дека клучните столбови од Програмата на СДСМ за само 2.5 години се реализирани и дека тоа, како што смета оваа партија, е вистинскиот пат по којшто треба да се движи државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …