Научно докажано: Еве во колкав процент вакцината од Фајзер ги штити старите лица од КОВИД-19


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кај постарите лица кои се вакцинирале со вакцината од Moderna или Pfizer значително е намален ризикот од хоспитализација, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Две недели по втората доза на вакцината против коронавирус, ризикот од хоспитализација на лица над 65-годишна возраст е 94 проценти помал во споредба со нивните невакцинирани врсници, соопшти ЦДЦ.

Веќе две недели по првата доза, тој ризик бил за 64 проценти помал, покажале податоците од 24 болници во 14 американски држави.

Како што се очекувало, вакцината не обезбедила заштита во текот на првите две недели по првата доза.

Во САД, повеќе од 80 проценти од населението примило барем една доза, претежно mRNA вакцини од Модерна и Фајзер, двајцата американски производители, а Фајзер работи во соработка со германски БиоНТех.

Во исто време, во Лондон е објавено дека дури и по првата доза на Pfizer и AstraZeneca, ризикот од пренесување на инфекцијата во истото домаќинство значително се намалува.

Според анализата на агенцијата за јавно здравје на Англија (ПХE), тој ризик е помал од 38 до 49 проценти. Во исто време, вакцината на Фајзер е малку подобра од AstraZenecа.

Студијата, спроведена во 24.000 англиски домаќинства, е уште еден доказ дека вакцинацијата, освен што штити од потешки форми на ковид, ја намалува и можноста за пренесување на вирусот на други лица, соопштуваат од ПХE.