Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина од „Синофарм“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев денес се вакцинираше против КОВИД-19 во скопската сала „А1 арена Борис Трајковски”. Тој прими доза од кинеската вакцина „Синофарм“. Заев кажа дека ја примил вакцината која што била на располагање кога му дошол редот, согласно националниот план за имунизација.

„Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев.

Досега во земјава се вакцинирани 74.076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вчера се аплицирани 9.123 вакцини од кои 7.963 прва доза, а останатите ревакцина.

Фото: К. Попов, извор: СДК