Во авион си заборавил паричник со 45.000 долари во кеш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На авионски лет за Виетнам, патник си заборавил во авионот паричник со 45.000 долари во готовина.

Стјуардесите на Виетнам Ерлајнс му го вратиле паричникот на патникот во кој имало пари во виетнамска валута, картичка за банкомат и други лични документи, пренесува Њујорк Пост.

По летот од Ханој до Да Нанг на 24 април, пронајден бил паричник при чистење на авионот. Тој бил однесен во канцеларијата за загубени предмети, каде што потоа го идентификувале и го пронашле патникот.

Стјуардесите и шалтерските работници добиле писмо со благодарност од патникот.