Научниците збунети од мистериозен остров кој се појавува и исчезнува

Научниците останале збунети кога отишле да истражат што се наоѓа на местото ви Јужниот Пацифик каде што на Google Maps се појавува и исчезнува еден „фантомски“ остров, а кој го има и на други мапи. Таму не нашле ништо.

Чудниот појас на земјата, познат како Сенди Ајленд, бил енигма долга низа години откако бил забележан на многу мапи, вклучувајќи ја и мапата на „Google“, најмалку една деценија.

Позиционирана помеѓу Австралија и Нова Каледонија, оваа темна дамка се појавила на „Google Earth“, наизглед различна од островите во близина која би укажувала на детали за копно – така што енигмата продолжила.

И покрај тоа што на мапите било забележано копно, научниците кои се упатиле на ова подрачје не наишле на ништо друго освен на сини морски бранови, што е далеку од првобитните очекувања.

„Google“ на 26-ти ноември 2012 година го отстрани т.н. Сенди Ајленд од „Google Maps“, но корисниците се сеќаваат дека воочиле нешто од сателитскиот приказ на морското дно.

Корисниците на „Google Earth“ останале запрепастени во текот на годините кога го воочиле „фантомскиот остров“ кој датира од времето кога британскиот истражувач, капетанот Џејмс Кук напишал „Sandy I“ на мапата на североисточниот брег на Австралија, пренесува „Daily Express“.

Сепак, забележан е повеќе од 100 години подоцна, во 1895 година, кога се верувало дека островот е долг 230 километри и широк 50 километри.

Мистеријата е всушност откриена на 22-ри ноември 2012 година, само 4 дена пред да биде отстранета од „Google Maps“, кога австралиските научници на „R/V Southern Surveyor“ ја „разоткриле“ мистеријата, не наоѓајќи ништо друго освен море.

Научниците се упатиле кон тоа подрачје и забележале дека длабочината на океанот е повеќе од 1300 метри, што е далеку од копното кое го очекувале, што сугерира дека нема шанси нешто да се крие под водата што претходно би било видливо.

„Сакавме да го провериме тоа бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1400 метри во тоа подрачје – многу длабоко. Се наоѓа на „Google Earth“ и други мапи, па отидовме да провериме што има на тоа место, но немаше остров. Навистина сме збунети, прилично е бизарно“, вели Марија Сетон од Универзитетот во Синдеј за „AFP“.