Со смути против канцер – книга прирачник за здрава храна и здрав живот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Храната е најважниот сегмент од нашите животи, таа може да биде причина за здравје и причина за болест, но секако храната може да биде и лек.

Тоа најдобро го опишува Христина Митреска, авторката на книгата „Смути- Канцер 1:0“, која со помош на правилна комбинација на намирници и здрави смути рецепти успева полесно да ја победи болеста.

„Смути – Канцер 1:0“ е идеја добиена од тешка „приказна“ со сепак среќен крај. Со овие рецепти од смути авторката успева да го изоди трнливиот пат, а своите искуства ги преточува во книга – прирачник.

Дека храната е лек, но и извор на здравје најдобро говори фактот што оваа книга ќе им помогне и на луѓето кои веќе се борат со болеста, но и на оние кои сакаат да се хранат здраво и да живеат здрав живот.

Електронската верзија на „Смути-Канцер 1:0“ е достапна и може да ја купите ТУКА, а треба да се напомене дел од средствата се издвојуваат за лица заболени од рак, па со самото купување правите и хуман гест.