Овој е човекот кој ќе го замени Путин на чело на Русија ако здравствените проблеми го принудат на таков чекор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Периодов светските медиуми од различен ков и релевантност ги пренесуваа гласините дека рускиот претседател Владимир Путин наводно води здравствена битка со ракот.

И додека светот ги коментира овие гласини, нови извештаи тврдат дека моќниот Путин привремено ќе му ја предаде власта на тврдокорниот Николај Патрушев доколку здравствените проблеми го остават настрана, пишува Њујорк Пост. Но, кој е овој човек и зошто Путин му се доверува нему, а не на 56-годишниот премиер Михаил Мишустин? Се чини дека колегите од КГБ на високи позиции се борат за евентуално преземање на власта и тука нема место за друг тип на кадар или фер-игра, пренесува Плус Инфо.

Николај Патрушев има седумдесет години и е секретар на Советот за безбедност на Русија, влијателно тело кое директно му дава отчет на Путин и му дава упатства за воените и безбедносните прашања во Русија. Најголемиот дел од моќта на Советот е доделена на Патрушев.

Како и Путин, Патрушев е професионален руски разузнавач, прво бил во КГБ, а подоцна во руската ФСБ, пишува англискиот весник „Москва тајмс“. Весникот ја спореди улогата на Патрушев со улогата на американски советник за национална безбедност.

Роден во јуни 1951 година, Патрушев има силна воена заднина. Неговите родители биле спасени за време на нацистичката опсада, но изгубиле сè во однос на имотот и богатството. Тие подоцна мигрирале во Санкт Петербург. Патрушев беше длабоко погоден од ужасното царско минато на Русија за време на советската ера. Неговото детство и минати искуства послужија како движечка сила зад нападот на Украина.

Во профилот од 2017 година, Политико го нарече Патрушев „јастреб на Кремљ“ познат по неговиот „огнен национализам, конспиративен светоглед и долгогодишно шпионско искуство“.

Според Политико, Патрушев се приклучил на КГБ уште како млад во 1974 година. По средбата со Путин во 1990-тите, Патрушев беше назначен за шеф на руската домашна разузнавачка служба, ФСБ, функција која тој ја носеше цела една деценија. Тој стана дел од Советот за безбедност на Путин во 2008 година, а го советувал претседателот за време на војната на Крим во 2014 година.

Минатата недела, во ретко интервју за државниот руски весник „Росискаја газета“, Патрушев ги обвини САД и Европа дека ја поддржуваат неонацистичката идеологија во Украина и се обидуваат да го извлечат конфликтот „до последниот Украинец“.

Патрушев, исто така, ја туркаше пропагандата на Кремљ дека Украинците и Русите се еден народ, а дека поделени само по наредба на западните сили.

– Користејќи ги своите послушници во Киев, Американците, во обид да ја потиснат Русија, решија да создадат антипод на нашата земја, цинично избирајќи ја Украина за ова, обидувајќи се суштински да поделат еден народ – рече тој.

Патрушев, исто така, посочи дека војната ќе доведе до распарчување на Украина.

– Резултатот на политиката на Западот и режимот во Киев може да биде само распаѓање на Украина на неколку држави – додаде тој во интервјуто.