Научниците тврдат: Луѓето кои го практикуваат ОВА живеат 40 насто подолго


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатите од едно истражување кое беа објавени во списанието PLOS One покажаа дека редовното учествување во вески ритуали, како миса и погребни церемонии, придонесува за подобро здравје и продолжување на животниот век на средовечните луѓе и лицата во трето доба од животот.

Научниците од факултетот за јавно здравство „Емори Ролинс“ од Атланта, професорката по епидемологија Елен Ајдлер и професорот по социологија Семјуел Кандлер Добс, за потребите на студијата, ги проучуваа податоците од лонгитудиналните студии за „здравјето и економските околности“ кај лицата повозрасни од 50 години во САД, под наслов „Health and Retirement“. Тие се фокусираа на податоците собрани помеѓу 2004 и 2014 година, со кои беа опфатени над 18.000 испитаници, пренесува Medial News Today.

Поздрави се оние кои одат во црква

Истражувањето опфаќало и податоци за учество во верски ритуали, за важноста на верата за поединецот и за веската припадност. Како потенцијални одредници за здравствената состојба земени се полот, расата или етничката припадност, степенот на образование и висината на приходите на испитаниците.

„Резултатите од истражувањето покажаа дека изгледите на лицата кои учествуваат во верски обреди да бидат поздрави и подолговечни се за 40 насто поголеми од оние на групата која не учествувала во такви ритуали“, вели професорката Ајдлер.

Се покажа и дека шансите лицата кои не учествувале редовно во такви ритуали да бидат поздрави и подолговечни се поголеми од оние на луѓето кои никогаш не биле дел од такво нешто. Американските научници востановија и дека позитивниот ефект врз здравјето би можел да се спореди со ефектот од повисоките приходи.

Претпоставки за причините

Со оглед на тоа дека станува збор за експериментална студија која не може да ги објасни причинско-последичните врски, нејзините автори ги изнесоа претпоставките за потенцијалните причини за ваквите резултати.

– лицата кои учествуваат во верски ритуали генерално имаат поздрави животни навики, на пример, не пушат, не консумираат алкохол, поретко имаат ризични полови односи и слично.

– поддршка од заедницата или/и помагање и поддршка на другите може да влијае на поздрав и подолг животен век

Клучот лежи во дружењето

„Нашата студија упатува на добрите страни од учеството во верски ритуали, како дополнителни социјални детерминанти за смртност, особено кај лицата во трето животно доба. Станува збор за социјални ангажмани кои се важни за многу повозарсни лица кај испитаниците од американската популација“, велат авторите.

Во претходно направено истражување на американскиот универзитет Дјук, врз податоците од 4.000 испитаници, се покажа дека оние кои редовно учествуваат во колективна молитва за време на миса значително поретко страдаат од депресија и анксиозност, а по една индиска студија во која биле вклучени хиндуси, се покажа дека пациентите кои секојдневно се молат во 70 насто од случаите поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести.