НАТО честиташе, еве какви коментари пристигнаа од Москва за победата на Украина на Евровизија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Заменик-шефот на Северноатлантската алијанса Мирчеа Џоана упати честитки до Украина за победата на Евровизија и оцени дека „убавата песна“ сведочи за храброста на земјата во војната против Русија.

„Сакам да и честитам на Украина за победата на Евровизија. Видовме огромна поддршка од јавноста од Европа и Австралија за нивната храброст. Се разбира, песната е исто така убава”, изјави Џоана.

Поранешниот министер за надворешни работи на Романија претседава со министерскиот состанок на НАТО бидејќи генералниот секретар Јенс Столтенберг е позитивен на корона вирусот.

Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Фејсбук ги сподели своите впечатоци од натпреварот и победата на Украина. Таа е првиот официјален претставник од Москва која го коментира синоќешното финале на популарното натпреварување.

„Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што и се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, две бабароги на жици, брејк-денс и повици за фабриката за челик Азовстал. Европа им дава овации. Завесата паѓа“, напиша Захарова.