Украина победи на овогодинешниот Евросонг – луда реакција на украинскиот коментатор (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Украина е победник на овогодинешниот изборот за песна на Евровизија.

Иако националните жирија му дадоа повеќе на претставникот на Обединетото Кралство, публиката го реши победникот со огромни 439 поени.

Финалето на Евровизија се одржа во салата ПалаОлимпико во Торино.

Во финалната вечер настапија претставници на 25 земји, а оваа година финалето помина без Русија. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија.

Домаќини беа Лаура Паусини, Мика и Алесандро Кателан.

Обединетото Кралство доби 183 поени од публиката. Српската претставничка Констракта заврши на петтото место и доби награда за најдобар настап.

Гледачите и дадоа на Украина 439 поени, што ја искачи на првото место со голема бодовна разлика.

Македонските гледачи не ѝ дадоа ниту еден поен на Украина , а 12 – те поени ѝ беа доделени на Шпанија, 10 на Србија.

Украинската државна телевизија го емитуваше натпреварот, кој го коментираше Тимур Мирошченко, кој се наоѓаше во засолниште од кое коментираше што се случува на сцената во Торино.

Кога беше објавено дека публиката на Украина ѝ дала неверојатни 439 поени и дека победила на Евровизија, Мирошченко не можеше да ја сокрие радоста. На TikTok се појави снимка од неговата реакција и јасно е дека бил во транс од среќа што Украина доби таква поддршка од Европа.

@eurovision.by.kseniia That’s how all Ukrainians felt today😭 #ukraine #eurovision2022 #eurovision #saveukraine #supportukraine #kalushorchestra ♬ Stefania (Kalush Orchestra) – KALUSH

Екипата на украинската телевизија направи импровизирано студио во скривницата за првата полуфинална вечер, а Мирошченко добро се снајде без разлика на околностите.