Home Вебкафе Наравоучение: Не опинај со BMW-то кога си жив баксуз (снимка)

Наравоучение: Не опинај со BMW-то кога си жив баксуз (снимка)

Полјак со своето BMW решил да ги тестира своите вештини за дрифтање на бензинска, за да дознае дека е жив баксуз. Или тежок глупак.

Како што е снимено од безбедносната камера на бензинска пумпа во Сиерча, Полска, возачот на BMW 3 го лизга возилото околу тревникот на патот кон главната улица, каде што го пречека полицаец.

Според полицијата на Малопоска, 21-годишниот возач бил приведен од полициските службеници од Одделот за контрола на патниот сообраќај при Покраинскиот полициски штаб во Краков.

Возачот сигурно го видел автомобилот на полицаецот токму кога возилото се вртело зад аголот, но во тој момент веќе било предоцна да се скрие.

Возачот добил парична казна од 5.000 PLN (1.170 американски долари), шест казнени поени во неговата дозвола, а му била одземена и регистеркста табличка. Во Полска, на возачите им се дозволени максимум 15 поени за брзо возење пред да се соочат со одземање на дозволата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…