Намалена казната: Реал од лето ќе може слободно да пазари!

Арбитражниот суд за спорт ја намали казната на Реал Мадрид за забрана за трансфери на само еден трансфер рок, пренесуваат шпанските медиуми.

УЕФА поради нарушување на павилата му изрече казна за трансфери на „кралскиот“ клуб во траење од една година, а тоа значеше дека Реал нема да може да биде активен на трансфер пазарот цела 2017 година.

„Кралевите“ доставија жалба на таквата одлука до Арбитражниот суд во Лозана, а денес стигна и одлука која сигурно ќе ги израдува фановите на мадридскиот клуб.

Имено, судот ја намали казната на само еден преоден рок, што значи дека Реал нема да може да биде активен во јануарскиот преоден рок, а следното лето ќе може слободно да купува нови фудбалери.