Home Спорт Најубавиот гол од Пеле (снимка)

Најубавиот гол од Пеле (снимка)

Фудбалската икона Пеле, кој синоќа почина на 82-годишна возраст, во дресот на Сантос постигна повеќе од 1.000 голови. Но, еден негов погодок посебно се изделува со убавината на начинот на кој е постигнат, а и Пеле за тој гол велеше дека му е најубав во кариерата.

На 2 август 1959 година, играа Сантос и Јувентус од Сао Пауло, а сите 10.000 луѓе кои беа на трибините на стадионот „Руа Жавари“, всушност присуствуваа на историја.

Во 42-рата минута, Пеле даде гол за водство на Сантос од 4-0 и тој погодок важи за најатрактивниот во неговата богата фудбалска кариера. После постигнувањето на овој погодок дури и противничките играчи на Јувентус му честитале.

За жал, не постои телевизиска снимка од голот, но за потребите на документарецот „Вечниот Пеле“, кој излезе во 2004 година, беше направена компјутерска симулација.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…