Home Актуелно За Бајден, Макрон и Шолц нема „Среќна Нова година“ од Путин

За Бајден, Макрон и Шолц нема „Среќна Нова година“ од Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема упатени честитки за Новата година на американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ.

„Овие колеги не ни честитаат ништо. Всушност, ние немаме контакт со нив. А имајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, претседателот нема да им честита“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

Путин испрати новогодишна честитка на адреси на неколку светски лидери блиски до Кремљ. Според списокот што денеска го објави неговиот кабинет, станува збор за кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, сирискиот претседател Башар ал Асад, претседателот на Венецуела Николас Мадуро и индискиот премиер Нарендра Моди.

Тој им честиташе и на Силвио Берлускони и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…