Најцрн биланс на смртност поради загаден воздух имаат овие три македонски града


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу 1.000 смртни случаи на годишно ниво во неколку македонски градови се последица на изложеноста на луѓето на претерано загаден воздух со висока концентрација на ПМ 2,5 честички.

Меѓународното списание Биомедикал за период од пет години ги споредува податоците за загаденост на воздухот во македонските градови, и укажува на смртноста која ја предизвикува аерозагадувањето. Поради загаден воздух, кај граѓаните може да се појави астма, рак, срцеви или белодробни заболувања, а не е поштедена ниту една возрасна група.

Стапката на морталитет што се припишува на изложеноста на PM2.5 (на 100.000 жители) е највисока во градот Тетово 301, Битола 234, Скопје 208, наведува во анализата Биомедикал, пренесува Фактор.мк.

„Во Тетово бидејќи не сме 100.000 жители, туку сме 80.000, бројот на смртни случаи би бил од 260 до 265. Толку луѓе умираат годишно од аерозагадувањето. Кога имаше приказ за загадување на воздухот за неколку дена наназад точно можевме да видиме по денови и часови кога било најзагадено во градот, кога биле пиковите“, вели доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово.

Се додава дека поради загаден воздух, не само што има зголемена смртност, туку има и зголемен број на отсуства од настава и од работа.

Maкедонија стана една од најзагадените земји во Европа и на Балканот. Скопје постојано котира високо на листата на најзагадени светски градови. Вчера беше 11, а претходно оваа сезона бил на 14, 8 па и на високото 6 место. По Скопје, најзагаден е Сараево од балканските градови и тоа може да се види на веб страницата на air visual, додека Загреб и Белград обично се подолу на листата.