Најтешкото фудбалско прашање: Зошто растојанието меѓу стативите е седум метри!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалот е игра, колективен спорт кој се игра помеѓу два тима составени од по 11 играчи. Сигурно е најпопуларен спорт на светот, а се игра повеќе од 200 земји.

Често сме пишувале зошто правилата се такви какви што се, за што служи шеснаесетникот, петерецот, гругот околу центарот, а едно од најтешките прашања во фудбалот е што всушност растојанието помеѓу двете стативи е 7 метри и 32 сантиметри.

Во 1855 година во Шефилд и Кембриџ се настанати првите фудбалски клубови, а недолго потоа се појави потреба за организирана игра. На почетокот се викала дриблинг гејм – теренот бил долг 200 јарди и широк 100 јарди. Всушност, тоа е 182 метри со 91,44 метра, а првите стативи кои биле поставени на фудбалскиот терени биле раздалечени 7 метри и 28 сантиметри.

Дваесетина година подоцна одредени се нови димензии на голот, онакви какви што ги познаваме и денес, односно 7,32 метри, а таа година е поставена и пречна на голот во висина од 2,44 метра. Тие димензии не се променети до ден денес.

Во 1880 година димензиите на теренот се сведени на 100,58 метри должина и 51,48 метри ширина. Оригиналниот фудбал кога настанал се состоел од 17 правила, а едно од тие правила било и растојанието меѓу стативите. Зошто е тоа така, никој никогаш не понудил решение, освен она кое се наоѓа во „Football Bible“, каде стои дека тоа е едно од оригиналните правила кое е задржано, бидејќи растојанието е пропорционално со остатокот од теренот.

Во теорија сите 11 играчи можат да се наредат на линија од 7 метри и 32 сантиметри.
Денес, фудбалскиот терен може да биде долг од 90 до 120 метри, широк 45 до 90 метри, а ширината и висината на голот остануваат непроменети.