Најстарата шума на светот – датира од пред 385 милиони години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напуштен каменолом во американската држава Њујорк ги чува доказите за потврдувањето на староста на најстарата шума на светот, според кои таа е стара 385 милиони години, пренесува научното списание „Current Biology “.

Фосилизирани корени, траги од древни предели, окаменети дрвја со дрвја и лисја, слично на она што го гледаме денес, сето тоа било најдено во каменоломот.

Откритието е лоцирано на околу 60 километри јужно од градот Албани. Досега, научниците ја сметале најстарата фосилизирана шума во Гилбоа, исто така во Њујорк, но оваа постара за два или три милиони години и драматично се разликува.

Вработен во Државниот музеј во Њујорк беше првиот што ја забележа големата структура во форма на корен на дното на каменоломот. Кристофер Бери, коавтор на студијата и палеоботиничар од универзитетот Кардиф во Велика Британија, изјави за Си-Ен-Ен дека бил малку скептичен кога за прв пат ја посетил локацијата. Мислел дека тоа може да биде современо дрво кое растело во карпа, а подоцна било исечено. По поблиска проверка на примероците од почвата, истражувачите брзо потврдија дека станува збор за нешто многу постаро.

„Опсегот на кореновите системи беше навистина неверојатен“, изјави Вилијам Штајн, водечки автор и професор по биолошки науки на универзитетот Бингамтон.

Тим научници внимателно го отстраниле почвениот слој, внимателно мапирајќи го вонредното откритие. Се верува дека катастрофална поплава ги уништила повеќето од дрвјата во шумата и се сочувани коренските системи како фосили.

Ова откритие дава преглед на големиот период на транзиција на нашата планета од свет без шуми во свет со шумски покров, смета Бери.