Соработка на Адидас и Бијонсе – еве за што станува збор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На 18 јануари, 2020 година, спортскиот бренд Адидас ја пушта во продажба новата „родово неутрална“ колекција дизајнирана од пејачката Бијонсе, со која ќе го оживее личниот бренд на пејачката, Ајви Парк, кој вклучува чевли, облека и додатоци во костенливи и портокалови бои.

Адидас ја опиша колекцијата што ја краси насловната страница од јануарскиот број на модниот магазин Еlle како родово неутрална. Колекцијата вклучува комбинезони, кошули, велосипедски шорцеви, претежно со тројни ленти, што е трговска марка на Адидас.

Германскиот бренд за спортска облека започна да работи со Бијонсе во април за повторно да го лансира нејзиниот бренд Ајви Парк, кој го лансираше во 2016 година со британскиот Топшоп.

Партнерството дојде откако Адидас се обидува да привлече повеќе женски клиенти откако заостанува зад посилниот ривал Најк и германскиот бренд Пума, чија продажба се зголеми по соработката со пејачката Ријана, која што заврши минатата година.

„Адидас“ не очекува непосредна продажба на оваа колекција, но продажбата ќе се зголеми со текот на времето, изјави во ноември извршниот директор на „Адидас“, Каспер Рорстен.