Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 17, …