Со барање за повисоки плати согласно Колективниот договор, службениците во Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје и во регионалните канцеларии излегоа на предупредувачки протест. Протестот траеше од 10 до 11:30 часот, а претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски, посочи дека барањето на вработените е платите да се зголемат за 30 отсто. …