Возраста кога жените имаат најдобар секс

Возраста кога жените имаат најдобар секс

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали некогаш сте се запрашале на која возраст жените имаат најдобар секс?

Ако мислевте дека се дваесетите или триесетите – многу сте далеку од точниот одговор.

Која е возраста кога жените имаат најдобар секс?

Истражувањето на Универзитетот во Чикаго, спроведено на возрасни групи на луѓе од 18 до 65 години и објавено во British Medical Journal, покажа дека мажите имаат подобар секс на 32 години. Од друга страна, се чини дека жените го доживуваат најдобриот секс дури по 40-тата година од животот.
Секако, на ова влијаат различни социјални или медицински фактори: раѓање деца, зголемени обврски дома или на работа или здравствени причини.

„Како и со повеќето работи во животот, сексот станува подобар со вежбање“, заклучија истражувачите. „Во таа смисла, сосема е логично мажите повеќе да уживаат во сексот на 32 отколку на 18 години, кога во суштина сè уште учат. Зрелите парови, ослободени од таквите несигурности, уживаат послободно и свесно.

Зошто жените најмногу уживаат во четириесеттите?

Како што жените се приближуваат до 40-тите, тие може да доживеат чувство на ослободување кон себе и кон својот партнер. Го знаат своето тело, знаат што сакаат, ослободени се од комплекси и тоа им го зголемува сексуалното либидо.

Како што стареат жените, велат психолозите, тие почнуваат да гледаат на сексот како на пат до сопственото лично ослободување и самоизразување – како што треба да биде. Исто така, тие излегуваат од плодниот период, па стравот од бременост и грижата за контрацепција е помал. Ние сме способни да бидеме поспонтани, а тоа може да биде многу возбудливо. Исто така, жените во четириесеттите имаат малку повеќе време и слобода – децата сега веќе се способни сами да ги исполнуваат своите основни потреби.