Нов спот на скопските блузери Filch.
Нов спот на скопските блузери Filch.
Откако изборот на актуелната влада беше прогласен за неуставен од страна на косовскиот Уставен суд, Косово во рок од 40 дена треба да одржи нови парламентарни избори. Денеска треба да започнат партиски консултации за датумот на изборите. Претседателката на парламентот и вршителка на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, ќе ги повика денеска политичките партии на разговор во врска со …
По учеството на денешната владина седница на Владата на Бугарија во Софија, министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека бугарската влада донела одлука од секоја пратка на вакцините против ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел да донира и за Македонија. Тоа значи дека вакцините против ковид-19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на …
Актерската и музичка легенда Раде Шербеџија го издаде неговиот нов албум насловен „Не окречи се, сине“. Нема потреба од дополнителни описи – пуштајте, слушајте и уживајте. Комплетната листа на песни – ТУКА.
Во отворено писмо испратено денеска до светските влади над 130 здравствени, научни и медицински експерти од Британија, САД и Европа велат дека постои јасен научен доказ дека витаминот Д го намалува бројот на заразувањата, хоспитализирањата и умирањата од ковид-19. Во писмото (кое добива сѐ повеќе потписи) научниците повикуваат на брз и масовен почеток на внесување 4.000 меѓународни единици (ИУ) дневно …
Овој вторник времето во Македонија ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност, а по планините ќе има сончеви периоди. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од …
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Фајзер против ковид-19. Со ова одобруваењ се отвора патот за можен почеток на вакцинациите во Европа на 27 декември. Тоа е условно одобрување, што значи дека вакцината е одобрена за лица постари од 16 години во сите 27 земји-членки на ЕУ. ЕМА се очекува да го обврзе Фајзер за понатамошно истражување …
Денес, на 75-годишна возраст, ненадејно почина македонскиот актер Љупчо Петрушевски. Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на …
Со најновата ценовна корекција на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ се менуваат цените на нафтените деривати – дизелот и нафтата за домаќинствата поевтинуваат за половина денар, додека бензинот поскапува за половина денар. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена нд ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе ознесува 53 денари за литар, а по …
Актерката Бојана Ординачев зборува за воспитувањето на петгодишниот син Најда, за одговорноста што ја носи мајчинството и за довербата што ја научила од своите родители.