Магла по котлините, сонце на планините


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој вторник времето во Македонија ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност, а по планините ќе има сончеви периоди.

По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени. Маврово, Битола и Берово 8, Охрид 10, Крива Паланка 9, Кавадарци 10, Дојран 13.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.