„Најлошата глума било кога“: Фановите го критикуваат Бекам за улогата во „Кралот Артур


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Неодамна излезе во јавност трејлерот за новиот филм кој се базира на ликот и делото од легендата за кралот Артур, во режија на Гај Ричи, во кој во една од улогите се појавува и некогашниот англиски фудбалски ас, Дејвид Бекам. Но, публиката изгледа не е воодушевена од неговите актерски способности, па фановите беа немилосрдни со критиките.

„Што е со неговиот глас? Ужасно звучи кога зборува. Како Викторија кога пее“, беше само еден од зајадливите и безмилосни коментари.

„Ова е најлошата глума која сум ја видела“, вели друга обожавателка.

Еден твитерџија напиша: „Молете се за кралот Артур, бидејќи Дејвид Бекам не може да го спаси филмот“.

Додека едни ја коментираат актерската изведба на Дејвид, други го осудуваат режисерот Гај Ричи (добра пријател на бившиот фудбалер) што му дал улога.

„Дејвид Бекам во Кралот Артур. Истовремено и многу смешно, исклучително предвидливо и апсолутно депресивно“, гласи друг коментар.