Home Вебкафе Најки „застанува на една седмица“ заради менталното здравје на вработените

Најки „застанува на една седмица“ заради менталното здравје на вработените

Компанијата Најки ја стопира работата на своите корпоративни канцеларии на една недела, но не поради пандемијата на Ковид-19. Причината е желбата на раководителите – вработените да се „опуштат и да соберат сила”.

Тие сметаат дека е важно вработените да посветат внимание на своето ментално здравје поврзано со работното место.

Силна анксиозност, стрес, несигурност, страв и изолација се главните причини за нарушеното ментално здравје на многу Американци, посебно за време на корона-кризата.

Вишиот менаџер на компанијата Мат Мапацо објави објаснување на својата страница во Линкедин во врска со одлуката.

„Ова не е само една недела одмор за тимот … Ова е признание од наша страна дека можеме да му дадеме приоритет на менталното здравје и сепак да ја завршиме работата”.

Според него, компанијата ги разбира сите тешкотии со кои се соочени вработените.

„Време за одмор и закрепнување е клучно за добра работа и се надеваме дека оваа одлука ќе има позитивно влијание”.

„Nike HQ исто така се исклучува за цела недела одмор почнувајќи од следниот понеделник. Сите наши високи лидери испраќаат јасна порака: одвојте време да се опуштите, да се релаксирате и да поминете време со вашите најблиски. Не работете.”

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…