Овој е последниот американски војник кој го напушти Авганистан со што се означи крајот на 20-годишната воена мисија на САД


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фотографија од последниот американски војник кој го напушти Авганистан беше објавена од страна на Американската централна команда. Станува збор за генерал -мајор Крис Донахју, кој се качил на авионот на аеродромот Хамид Карзаи во Кабул.

САД доцна синоќа го завршија повлекувањето на своите сили од Авганистан по 20 години присуство во таа земја.

Генералот на морнарицата Френк Мекензи, командант на американската Централна команда, на конференција во Пентагон рече дека повлекувањето го означи крајот на воената компонента на евакуацијата, но и крајот на 20-годишната мисија што започна во Авганистан кратко по 11 септември 2001 година.

Тоа е мисија што стави крај на Осама бин Ладен, како и многу негови соработници. Тоа не беше ефтина мисија, истакна Мекензи.

За време на мисијата, рече тој, загинаа повеќе од 2.460 американски војници и цивили, а повеќе од 20.000 беа ранети, вклучително и 13 војници загинати во неодамнешниот напад на бомбаш-самоубиец од ИСИС-К во близина на аеродромот во Кабул.