Home Вебкафе Најголемото школо во Копенхаген целосно покриено со 12.000 колектори

Најголемото школо во Копенхаген целосно покриено со 12.000 колектори

C.F. Møller‘s International School Nordhavn, најголемото училиште во Копенхаген, Данска, дефинитивно со полни гради го дише 21-от век и сите технолошки придобивки кои можат да се користат во поглед на искористување на сончевата енергија, трансформирајќи ја 6.000 квадратни метри пространата фасада на школската зграда во енергетски ефикасна површина прекриена со 12.000 еколошки соларни панели.

Иако не звучи како некој посебен подвиг (за нас секако сè уште далечен), изработката на чисти панели во една посебна боја била еден од најголемите предизвици со кои истражувачите и конструкторите се занимавале 12 години.

Тие за таа цел го применија процесот на колоритна наметливост, што е слично со она што се случува кога гледате шарени дамки од масло во вода. Тоа го постигнаа додавајќи фини честички на површината од стаклото со што тоа оддава појавност на мат боја на стаклото.

Нормално, панелите не само што изгледаат одлично, туку и максимално си ја вршат функцијата за која се поставени. Иако Данска не е најпозната по сончевите денови, било пресметано дека новата фасада ќе покрива речиси половина од енергетската потрошувачка на училиштето во рамки на една учебна година, а дополнително естетски ќе ја разубавува школската зграда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…