Home Вебкафе Најдобрата голманска одбрана во историјата на ракометот (видео)

Најдобрата голманска одбрана во историјата на ракометот (видео)

Среќа, рефлекс, голмански талент, што и да беше ова, одбраната на Бенјамин Бурќ е една од најдобрите кои ги имаме видено можеби и во ракометната историја.

„Мислам дека беше чиста среќа, но му благодарам на Гојун за тоа“, се насмеа Бенјамин Буриќ после вчерашниот меч, во кој неговиот Вецлар изгуби од Фуксе Берлин со 31:26.

Неговиот тим не помина добро против момците од главниот град на Германија, но Буриќ кој сезонава е одличен повторно имаше одличен меч зачинет со 11 одбрани, а на 20 минути пред крајот апсолутно ги залуди фановите во салата. Најпрво добро го одбрани скок- шутот на Виде и падна на земја, но топката се одби право во рацете на Гојун.

Но, поранешниот хрватски репрезентативец непречен од никого шутираше од шест метри во се чинеше небранетиот гол, а Буриќ од земја успеа со ногата да одбрани за неверојатна еуфорија во салата и скоро сигурно си се запиша меѓу кандидатите за најдобра одбрана на годината.

-Да, би можела да биде одбрана на година, се смееше Буриќ, кој следната сезона се сели на голот на Фленсбург.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…