Најдобра светлосна инсталација: Одново ја „изградија“ старата скопска железничка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На меѓународниот натпревар за дизајн од Сан Диего, Калифорнија – CLUE (Community Lighting for the Urban Environment), меѓу наградените беа и три студентки од Македонија, кои ги комбинираа своите машинско-архитектонски креативни умови за да ја осмислат најдобрата светлосна инсталација.

Симона Тасевска, апсолвент на индустриски дизајн на Mашински факултет, Ирена Милојеска и Христина Секулоска, кои се студенти на Aрхитектонски факултет во Скопје, се добитници на пофалница и почесно споменување за нивната светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје, која ја ревитализира другата половина која беше урната во земјотресот.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

На натпреварот пристигнале 222 проекти од 51 различни земји, додека жирито кое е составено од седум меѓународни членови додели три награди и три пофалници за најкреативните проекти.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација.

Инсталацијата е фокусирана на старата скопска железничка станица и нејзиниот руиниран изглед од времето на стравичниот земјотрес од 1963 година. Со оглед на тоа што старата железничка станица во Скопје стои половично, инсталацијата ја ревитализира другата половина која што денес недостасува физички, со тоа што креира ново просторно доживување. Во текот на денот ефектот од големата катастрофа на земјотресот од 1963 е се уште видлив, додека за време на ноќта преку инсталацијата, железничката се гради повторно и стои како што стоела пред 52 години.

Извор: Радио МОФ