Награди за најдобри општествено одговорни практики


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денеска ќе се додели Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Целта на наградата е да промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата.

Годинава беа пријавени 38 проекти. Националната награда се доделува деветта година по ред, а во изминатиот период вкупно 165 македонски претпријатија пријавија речиси 500 општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата посветеност и грижа за општеството и животната средина.

Наградите во вид на статуетки и плакети ќе ги додели министерот за економија Дритон Кучи, кој ќе го отвори настанот, а свое обраќање ќе има и Александар Николов, претседател на КТООП и Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.