Иницијативи за акциски групи согласно EU LEADER за адаптација на земјоделството


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Четири иницијативи за формирање на Локални акциски групи креирани во согласност со EU LEADER пристапот ќе бидат денеска промовирани во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Овие приватни – јавни партнерства опфаќаат партнери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во 17 општини од Источниот и Југоисточниот регион.

Обраќања на настанот ќе имаат Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, Директорот на Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени Петар Ѓоргиевски, претставници на Источниот и Југоисточниот плански регион и четирите иницијативи за локални акциски групи.

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија работи на промоција на EU LEADER пристапот како една од новите мерки кои ќе се презентираат во ИПАРД II програмата за периодот 2014-2020.

Препознавајќи ја потребата за промоција на EU LEADER методологијата кај чинителите во руралните средини, Мрежата за рурален развој спроведе сеопфатна програма за градење на капацитетите во согласност со карактеристиките на EU LEADER пристапот, кај руралните актери во Источниот и Југоисточниот плански регион. Активностите беа имплементирани во 21 општина во овие региони, вклучувајќи претставници на јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот. Како крајна фаза во овој процес, беа иницирани локални акциски групи Беласица – Огражден, Бојмија, Плачковица, Брегалница и Малеш – Пијанец.