Надал лесно се пласираше во третото коло од Австралија Опен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во третото около на Австралија Опен.

Надал во второт около од првиот гренслем играше против германскиот тенисер Јаник Ханфман и лесно славеше со 3:0 во сетови. Првиот сет траеше 48 минути и веќе беше јасно дека Ханфман тешко ќе успее нешто да направи во овој меч. Надал одлично влезе во мечот и првиот сет го доби со 6:2.

Шпанецот со добрата игра продолжи и во вториот сет и изгледаше како да игра со половина сила. Ханфман имаше нешто посилен отпор во вториот сет, но на крајот и тој сет го освои Надал со 6:3. Третиот сет се играше еден час и на крајот Надал успеа да го добие со 6:4.