Home Актуелно На скопјанец од дома му украле 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1 милион денари

На скопјанец од дома му украле 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1 милион денари

Изминатиов викенд, поточно во саботата, 4 јули, во перодот од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје, непознато лице извршило тешка кражба. Крадецот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, во саботата во 22,10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…