Славни

На првиот молитвен појадок Трамп се помоли и за Шварценегер – еве како му врати тој

Претседателот Доналд Трамп за време на молитвениот појадок во Вашингтон зборуваше за борбата против тероризмот, проблемите во светот, но се осврна и на неговиот наследник во шоуто „Приправник“, Арнолд Шварценегер.

„Тоа е катастрофа, би сакал да се помолиме и за Арнолд бидејќи рејтингот на шоуто постојано паѓа“ се пошегува Доналд Трамп.

Меѓутоа познатиот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија преку видео на неговиот Твитер профил му одговори на Доналд Трамп.

„Доналд, имам една добра идеја. Зошто да не си ги замениме работните позиции? Ти префрли се на ТВ, бидејќи си експерт за рејтинзи, а јас ќе ја земам твојата работа, за луѓето да можат мирно да спијат“ беше одговорот на Шварценегер.

Advertisements
To Top