Home Спорт На повидок голем трансфер: Тотенхем ја одреди цената за Ериксен!

На повидок голем трансфер: Тотенхем ја одреди цената за Ериксен!

Ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен ќе биде еден од најбараните фудбалери летово на трансфер пазарот.

Данскиот репрезентативец со години е еден од најдобрите плејмејкери во Премиер лигата и за него силен интерес покажувата голем број на европски гиганти, пред се Реал Мадрид.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем ја одредил цената за својата ѕвезда, и е спремен да го пушти доколку некој клуб плати најмалку 130 милиони фунти.

Оваа сума можат да си ја дозволат само неколку клубови во Европа, а меѓу нив сигурно е и Реал Мадрид кој подолго време е заинтересиран за Ериксен.

Ериксен има договор со Тотенхем до наредната година, а засега не е познато дали ќе му биде продолжена соработката, поради што летниот преоден рок е последната шанса за лондонскот тим да заработу пари на 27-годишниот фудбалер.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1112442438574997504

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…