Home Актуелно На охридска плажа пронајдено тело на мртов маж

На охридска плажа пронајдено тело на мртов маж

Зачера околу 15.15 часот во населба Свети Стефан, кај Охрид, на плажа во бесознание бил пронајден 80-годишниот Б.О.од Прилеп, со место на живеење во Австралија.

Во 15,25 часот, од страна на доктор од екипата на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на лице местото извршила екипа од СВР-Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба во текот на денешниот ден над телото на починатиот во Медицински центар Битола, Судска медицина ќе биде извршена обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…