На македонските петтодделенци им дадоа учебници по македонски јазик на 10 дена пред крајот на учебната година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако цела година наставниците им диктираа и им печатеа материјали на учениците, на десет дена пред крајот на учебната година конечно стигна и учебникот по предметот Македонски јазик.

„Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година“, коментираат родителите.

„Да се добие учебник на две недели пред крајот на школската година е навистина жалосно и е противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да ги пријават своите дела и кога тој се печати“, вели Драгана Спасевска од иницијативата Учебници и настава мора да има.

Дел од училиштата сè уште ги немаат добиено учебниците.