На 90-годишна возраст почина актерската легенда Шон Конери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкотскиот актер и холивудска легенда, Шон Конери, почина на 90-годиишна возраст, соопшти неговото семејство.

Конери се прослави по улогата на Џејмс Бонд ,а британскиот шпион го глумеше во дури во седум филмови. Неговата актерска кариера траеше со децении, го освои оскарот, две награди Бафта и три Златни глобуси,потсетува Би-Би-Си..

Шон Конери беше и политички активен и се залагаше за независност на Шкотска.Од филмското платно се повлече во 2011 година.

Кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез во 2000 година. Во август годинава го прослави 90 роденден.

Томас Шон Конери е роден во Единбург на 25 август 1930 година, како син на работник во фабрика и домашна чистачка. Татко му бил католик,а мајка му протестантка.Тој израснал во потстанарска просторија со заеднички тоалет и без топла вода.

Го напуштил училиштето на 13-годишна возраст и започнал да работи, а подоцна се приклучил на Кралската морнарица. Три години подоцна,бил ослободен од службата поради здравјето. Во Единбург, тој се здобил со репутација на „силен човек“ кога шест члена на бандата се обиделе да му го украдат палтото. Конери самиот им се спротивставил.

Во слободното време се занимавал со боди-билдинг. Работел разни работи за да заработи за живеење, и бил и многу добар фудбалер. Но, тој ја одбил фудбалската кариера затоа што заклучил дека е премногу кратка и решил да бара иднина на филмската и театарската сцена. Подоцна рече дека тоа е еден од неговите најинтелигентни потези. Тој исто така се натпреварувал за титулата Мистер универзум.

Тој ги направи своите први актерски чекори во театарот, а првпат се појавил во филмот во 1954 година, како статист во Lilacs in the Spring. После тоа, добил некои помали улоги на телевизија. Во 1957 година ја добил својата прва главна улога во „Blood Money “, во кој играл боксер чија кариера пропаѓа.

И тогаш дојде Бонд.

Бонд глумеше во продолженијата Од Русија со љубов (1963), Голдфингер (1964), Тандербол (1965) и Само двапати се живее (1967). По 1967 година, на Конери му здосади улогата, но продуцентите успеале да го убедат да се врати во 1971 година за продолжението на „Дијамантите се засекогаш“.

Конери се појави и во филмовите на Индијана Џонс, а во 1988 година доби Оскар за улогата во „Недопирливите“. Во 2006 година тој ја одби улогата на Гандалф во филмот „Господар на прстените“. Тој тогаш рекол дека е „уморен од глума“ и дека е „уморен од идиоти кои сега прават филмови во Холивуд“.