Временска прогноза за првиот ноемвриски понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево време со умерена облачност носи вториот ноемвриски ден во Македонија. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер и со максимална температура до 18 степени. Маврово 14, Охрид 18, Битола 20, Берово 17, Крива Паланка 18, Кавадарци 19, Дојран 22.

Прогнозата за утре е претежно облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Претпладне на крајниот исток ќе има услови за локален дожд, а дневните температури ќе се двиќат од 16 до 22 степени.