Владата ја започна кампањата #НосамМаска – сите министри ги сменија профилните фотографии на Фејсбук


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче први го ги сменија насловните форографии на своите фејсбук профили, почнувајќи ја промоцијата на владината кампања, под слоган и хаштаг „Носам маска“.

„Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата, порачува премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил. Јас носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен“, напиша Заев на Фесбук.

Владата на РСМ и Министерството за здравство почнуваат кампања за носење маски, со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести, и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот.

„Кампањата е подржана и ќе биде промовирана од сите функционери, членови и поддржувачи. Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата“, соопштија од Министерството за здравство.