Здружението Оштетени штедачи обвинува: 9 фирми од Струмица се со ненаплатлив кредит во Еуростандард банка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во соопштението кое здружението Оштетени штедачи од Еуростандард банка го објави за јавноста, се вели дека прва на листата на должници во стечајната маса на Еуростандард банката е групација од поврзани фирми од Струмица. Тие за податоците во ова соопштение се повикуваат на извештајот за стечајот подготвен од стечајниот управник.

„Во своето портфолио на поврзани друштва оваа групација има 9 фирми од кои банката има сомнителни и спорни побарувања, кредити кои воопшто не се исплаќани повеќе минати години. Оваа групација должи фантастични 8 милиони и 250 илјади евра на банката во кредити кои се ултра ризични и во најголем дел ненаплатливи. Ова е само водечкиот пример, а вакви групации од поврзани фирми има повеќе. Организиран криминал од невидени размери.

Оштетените физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка се во потрага по вистината и правдата. Кој се стои позади овие фирми и во кои се џебови завршиле нашите пари од депозитите? Сопственикот и поранешен претседател на Надзорниот одбор на сега веќе затворената банка, Трифун Костовски, освен што ја призна личната вина и одговорност за сторениот криминал во банката, јавно изјави и дека нашите пари се делени за цели на владеачката политичка партија. Доколку е ова вистина, кој се учествувал во масовниот грабеж и во чии џебови завршиле нашите лични пари преку криминалните шеми што се плетеле во банката со години?

Среде пандемија ја затворија Еуростандард банка, ни го украдоа нашиот личен капитал, имот, сегашност и иднина и не ставија во очај. Замислете, речиси 60 милиони евра проневерени и украдени пари од нас депонентите во банката. Ниту на Народна банка ниту на власта не им е воопшто грижа што ни се наруши здравјето, што изгубивме дел од животот, нашите заштеди, средства да работиме, што не однесоа во амбис и не пореметија нас и нашите семејства. Тие само дозволија овој организиран криминал да се случи и да се развиива со години и достигне незамисливи граници“, се вели во соопштението на Оштетени штедачи.