Home Шоубизнис На 61 години Шерон Стоун распали за насловна од престижниот Vogue

На 61 години Шерон Стоун распали за насловна од престижниот Vogue

Американската „фам-фатал“ актерка и холивудска ѕвезда Шерон Стоун на 10 март, оваа година, наполни 61 година. Но, таа уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка која воопшто не ја спречува и понатаму да биде фатална заводничка.

Покрај очигледниот сексапил и провокативните сцени во филмовите, актерскиот талент на Шерон никогаш не бил оспоруван, па за филмот „Казино“ беше номинирана за Златен глобус и Оскар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal) on

Шерон очигледно ништо не може да ја спречи кога станува збор за бескомпромисно фатални и заводливи позирања и изданија за модните списанија.

Годините Шерон секогаш ги фрла во втор план, бидејќи секоја животна фаза ја обележала со насловни страни на списанија на кои била гола.

Овој пат згодната актерка се појавила на насловната страна за португалското, мајско издание на магазинот „Вог“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …