На 11 дена пред крајот на пописот попишани 1.037.309 лица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 11 дена пред истекување на временскиот рок во кој треба да биде извршен пописот на населението, домаќинствата и имотот, бројката на попишани лица во земјава се искачи над еден милион, соопшти Државниот завод за статистика. Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, биле попишани 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови ширум земјава.

Бројот на самопопишани лица од дијаспората преку апликацијата за самопопишување изнесува 193.370.

Пописот започна на 5.09, а треба да заврши на 30 септември.

Од ДЗС велат дека пописот се одвива без пречки, а мал е бројот на оние кои одбиле да се попишат. Тие се дополнително контактирани од државните инструктори.

Од Државниот завод за статистика во неколку наврати повторија дека спроведувањето на пописот е статистичка, а не политичка операција.

„За оние граѓани кои стравуваат од ширење на ковид-19, може да побараат да ги попише вакциниран попишувач или пописот да го извршат надвор од нивниот дом“, велат од ДЗС.